По подолго време екипата на битолски Пелистер повторно ќе биде дел од Првата македонска фудбалска лига. Битолчани и клубот со традиција го заслужуваат тоа, но заслужуваат и модерен стадион.

Таков е реконструираниот „Петар Милошевски“ или поранешниот познат како „Под Тумбе кафе“ конечно блесна.

Од синоќа овој фудбалски храм може да се пофали со новите рефлектори. Тој е осветлуван од се повеќе од 250 светилки, поставени на 25 метарски столбови.

 Изградена и реконструирана е едната трибина, но треба да се очекува да биде завршен целиот проект и дека овој стадион ќе го има својот полн сјај.

„Со изградбата на новата јужна трибина и со проектите кои ги реализиравме,

Битола доби репрезентативен стадион, но исто така важно е дека покажавме дека заедно со локалната самоуправа можеме многу да си помогнеме за развој на фудбалот и инфраструктурата во еден од нашите најголеми фудбалски центри”,

изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.