Фудбалерите на Аталанта се изнамачија ја ги освојат трите бодови на гостувањето кај последно пласираната Салернитана. Во натпревар од 32.коло на Серија А, Аталанта со пресврт во вториот дел ја победи Салернитана со 2-1.

Домаќините поведоа во 18-тата минута, со голот на Французинот, Лоум Чауна. На гостите од Бергамо долго им беше потребно да се „рехабилитираат“. Тоа Аталанта го стори во вториот дел односно 57.минута која Џанлука Скамака за израмнување на 1-1. Само шест минути подоцна гостите поведоа преку Холанѓанецот, Копмајнерс.

Со оваа победа Аталанта сега ја мина Рома на петата позиција на табелата, последна што од Серија А води во Лигата на шампионите. Двата тима имаат по 60 бодови, но Аталанта има и натпревар помалку. А, веќе во следното закажано за во недела, Аталанта ќе биде домаќин на Рома.

Салернитана, одамна е јасно дека, следната сезона ќе се пресели во Серија Б.

Standings provided by Sofascore