Трката за титулата во Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер Сити продолжува. Арсенал si ја заврши „задачата“ за ова коло, бидејќи рутински го совлада Борнмут со 3:0 на „Емиратите“ во Лондон.

Иницијативата во текот на целиот натпревар беше на страната на Арсенал, но Борнмут создаде неколку изгледни шанси кој влеваа страв кај избраниците на Микел Артета.

Сепак, Букајо Сака пред крајот на првиот дел одлично го изведе ударот од белата точка и му донесе водство на Арсенал од 1:0 во 45-тата минута.

Леандро Тросард зголеми на 2:0 во 70-тата минута по одличната акција на „топџиите“. Конечните 3:0 ги постави Деклан Рајс во судиското надополнување (97-та минута).

Овој триумф на Арсенал му донесе нови бодови, вкупно 83, односно четири повеќе од второпласираниот Манчестер Сити. Сепак „граѓаните“ имаат два натпревари помалку.