Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски повторно постигна гол.

Миовски се запиша во листата на стрелците во дуелот меѓу неговиот Абердин и Сент Џонстон. Во натпревар од 35.коло шкотската Премиер лига, Абердин славеше со 1:0

Токму Македонецот. беше стрелец на голот од пенал во 68-та минута со кој Абердин стигна до победа и важни три бодови.

За Миовски тоа е 15-ти гол во првенството на Шкотска, а вкупно 25-ти сезонава.