Актуелниот шампион во Мото ГП, Фраческо Бањаја победи во трката за Големата награда на Шпанија.

Италијанецот, имаше фантастичен настапи на патеката во Херез, и прв ја мина целната рамнина пред домашниот фаворит, Шпанецот, Марк Маркез.

Дека Дукати има најдобри мотори сезонава потврди Марко Беѕеки кој го комплетира пиедесталот завршувајќи како трето пласира.

Во Генералниот поредок лидер и натаму е Хорхе Мертин кој денеска не ја заврши трката, а зад него е Бањаја со 17 помалку.

Следната трка во Мото ГП е на 12 мај кога ќе се вози француското Гранд-при.