Во женското кошаркарско првенство на Македонија, односно плејофот, познат е првиот пар за полуфиналето.

Ова откако кошаркарките на Куманово Гризли и по втор пат беа подобри од Бадел и со 2:0 во победи ја добија четвртфиналната серија.

Кумановки со тоа закажаа дуел со Вадар во полуфиналната рунда. Вардарки нешто порано ја обработија четвртфиналната серија со Пробасект која ја добија со убедливи две победи.

Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од дуелите Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром и Баскет – Патриот.

Во нив екипите оа Крива Паланка и Македонска Каменица имаат предност од 1:0 во победи, па за полуфинале потребен им е уште еден триумф.