Во женското одбојкарско првенство на Македонија, попладнево ќе се игра третиот натпревар од финалето во плејофот.

Актуелниот првак тимот на Работнички има голема шанса уште денеска да ја одбрани титулата. Скопската екипа ги доби првите два меча против ривалот Струмица и го дели само една победа од трофејот.

Иако во првите два дуели Работнички славеше со 3:0 по сетови, сепак гледајќи го резултатот по сетови, тоа и не беше така лесно. Со ова се согласи и тренерот на Работнички, Душко Десповски.

„Финалето е секогаш неизвесно. Струмица оваа година имаше најдобар скор, имаа само еден пораз до ова финале.

Изненадувачки во првите два натпревари славевме со 3:0, но по поени во сетови и не изгледаше така убедливо. Рано е да се зборува се уште за освојување на титулата.

Ќе дадеме се од себе да останеме на овој победнички пат. Ако успееме во Струмица да ја завршиме работата би било одлично, ако не имаме шанса за поправен“, изјави Деспотовски.

Денешниот трет финален меч меѓу Струмица и Работнички, што ќе се игра во Струмица, ќе почне од 18 часот.