Останува само уште едно слободно место за полуфиналето во кошаркарскиот плејоф на Првата машка лига. На чекор (победа) до него е шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Аеродромци ги добија првите два дуелот против Гостивар на домашен терен, а вечерва играат на гостински. Доколку шампионот слави победа, а важи за апсолутен фаворит, ќе со обезбеди место во полуфиналето. Гостиварци пак ќе се обидат да изборат барем уште еден натпревар на домашен терен и да ја продолжат серијата.

Исходот од овој дуел го чекаат кошаркарите на ТФТ кои веќе обезбедија место во полуфиналето. А, првиот полуфинален пар го сочинуваат Работниллки и Пелистер.

Денешниот дуел меѓу Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром ќе почне од 19 часот.

Во плејаут конкуренцијата денеска ќе се одиграат двата натпревари од 4-тото коло и двата во Скопје. Од 18 часот својот натпревар ќе го играат Вардар и Кожув. Во терминот од 19.30 часот е закажан почетокот на дуелот меѓу ФМП Академија и Охрид.

Гевгеличани се први на табелата со 33 бодови, а три помалку имаат Охрид, Вардар и ФМП Академија.