На Европското боксерско првенство во Белград, денеска нов настап ќе има македонскиот репрезентативец Арјан Исени.

Тој настапува во категоријата до 80 килограми, во која веќе оствари една победа. Исени во првото коло го совлада грчкиот претставник со 5:0 одлука на судиите (ВИДЕО ОД БОРБАТА).

Денеска во второто коло, односно четвртфиналната рунда, за противник ќе го има Рафаел Ховхансијан од Ерменија. Денешните борби почнуваат од 15 часот, а Исеини треба да излезе прв на рингот „А“. Борбата на македонскиот боксер може да ја ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ВО ЖИВО | ДЕНЕШНИТЕ БОРБИ НА ГРИНГОТ „A“

Од четворицата македонски боксери на шампионатот, покрај Исеини, останува да настапи и Алим Насуфи. Тој утре (недела) во категоријата до 67кг. за противник ќе го има Јануш Караван од Молдавија.

Настапот го завршија Ален Рустемовски (57 кг.), кој беше поразен од Турчинот, Чинар Мехметхан (ВИДЕО), како и Дион Лена (63,5 кг.) кој не се појави во рингот на борбата со Андирејус Лаверновас (Литванија).

ВО ЖИВО | ДЕНЕШНИТЕ БОРБИ НА ГРИНГОТ „Б“