Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го игра реванш дуелот од четвртфиналето во АБА2 лигата. Аеродромцо кај Широки Бријег отпатуваа со 16 поени предност (85-69).

Ова е одлична предност која сино-белите не смеат да ја испушат и да пропуштат шанса да се пласираат ви полуфиналето.

Сепак капитенот Дамјан Стојановски смета дека во реваншот МЗТ мора да влезе како да е 0-0.

„Ова е средба во која не треба да размислуваме на тоа што се случи пред седум дена во Скопје и во неа да влеземе како резултатот да е 0-0.

Треба да бидеме цврсти во одбраната и агресивни во нападот исто како и на првата средба. Со таков пристап, сигурен сум дека ќе бидеме многу блиску до вкупна победа во дуелот.

Широки сигурно нема однапред да се предаде“, изјави капитенот Дамјан Стојановски.

Исходот од овој натпревар ќе го чекаат кошаркарите на Спартак Суботица кој го минаа словенечкиот Хелиос Домжале во четвртфиналето.

Дуелот меѓи Широки Бријег и МЗТ Скопје Аеродром ќе почне од 19 часот.