Со одигрувањето на петнаесет последните натпревари од регуларниот дел на сезоната, познат е конечниот пласманот на екипите во НБА лигата. Со тоа формирани се и двојките за разигрувањето, односно плеј-инот, а потоа и плеј-офот.

Шампионот Денвер ќе ја има втората стартна позиција и ќе игра со победникот од дуелот Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс, во четвртфиналето на Западната конференција.

Дербито во оваа рунда ќе го играат ЛА Клиперс и Далас, предводени од Каваи Ленард, Пол Џорџ од една, односно Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг на другата страна. Тимот на Минесота кој заврши како трет за противник ќе го има составот на Феникс. Екипата на Оклахома која е конференциски првак на западот ќе ги чека исходите од плеј-инд дуелите.

ЗАПАДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА
Плеј-ин

7 ЊУ ОРЛЕАНС – 8 ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС (16 април)
9 САКРАМЕНТО – 10 ГОЛДЕН СТЕЈТ (17 април)
Победник 9/10 – поразен 7/8 (19 април)

Плеј-оф четвртфинале
1 ОКЛАХОМА – 8 носител ( Њу Орлеанс/ЛА Лејкерс / Сакраменто / Голден Стејт)
2 ДЕНВЕР – 7 носител (Њу Орлеанс/ЛА Лејкерс)
3 МИНЕСОТА – 6 ФЕНИКС
4 ЛА КЛИПЕРС – 5 ДАЛАС