Екипата на Минесота е првата која обезбеди пласман во конференциското полуфинале во НБА плејофот. „Томбервулфс“ со чисти 4-0 во победи го минаа тимот на Фенис славејќи по втор пат на теренот на противникот со 122-116.

Ентони Едвардс повторно беше одличен со 40 поени, 9 скока и 6 асистенции, Карл-Ентони Таунс додаде 28 поени и 10 скока.

На „Санс“ не им помогнаа ниту 49-те поени на Девин Букер како и Кевин Дурент кој натпреварот го заврши со 33 поени и 9 скока.

Ова е прв пат по 20 години Минесота да добие една серија во плејофот. Тоа последен пат го сторија во 2004-тата кога стигнаа до конференциското финале во кое беа поразени од ЛА Лејкерс.

На чекор до полуфинале, но на истокот, е и екипата на Индијана. На домашен паркет во Индијанаполис, „Пејсерси“ победија со 126:113 и поведоа со 3-1 во победи против Милвоки.

Мајлс Тарнер со 29 поени и девет скока и Тајрис Халибартон со 24 поени беа водечките играчи во победничката екипа. Во отсуство на првите ѕвезди на „Бакс“ Лилард и Антетокумпо кои не играа поради повреди, прв стрелец кај поразениот тим беше Брук Лопез со 24 поени.

До првото конференциско полуфинале по 10 година Индијана ја дели една победа. Шанса за тоа ќе има на гостински терен веќе во среда наутро (3.30 часот) .