Шампионот Денвер Нагетс е на една победа од полуфиналето во Западната конференција. Нагетс, до третиот четвртфинален триумф над Лејкерси стигнаа на гостински терен во ЛА со 112-105.

Дури четворица играчи кај победникот завршија со 20 и повеќе поени, а најефикасен беше Арон Гордон со 29 поени на кои додаде 15 скока. На Никола Јокиќ му недостасуваше една асистенција за троен ефект. Србинот постигна 24 поени имаше и 15 скока и девет асистенции, Џамал ​​Мареј додаде 22 поени и девет асистенции, а Мајкл Портер постигна 20 поени и десет скока.

Кај Лејкерси, Ентони Дејвис забележа 33 поени и 15 скока, Леброн Џејмс 26 поени и девет скока, а Остин Ривс 22 поени и пет скока.

За Лејкерс ова беше 11-от последователен пораз против Денвер, а следниот ќе значи и елиминација од четвртфиналето.