Екипата на Аталанта славеше победа со 2:0 на дуелот против Емполи, а Наполи и Рома одиграа „мирољубиво“ 2:2.

Аталанта рутински си ја заврши работата на натпреварот со Емполи. Головите ги постигнаа Пашалиќ од пенал во 42.та минута и Лукман во 51.та минута.

Дербито на колото меѓу Наполи и Рома заврши со нерешен резултат. Рома прва поведе со голот на Дибала од пенал во 59.та минута. Наполи направи резултатски пресврт во 65.та и 84.та минута. На 1:1 изедначи Оливиера, а за 2:1 од пенал стрелаше Осимен. Конечните 2:2 ги постави Абрахам во 89.та минута.

Аталанта се наоѓа на 6.та позиција која води во Лига Европа со 57 бода, додека Емполи се на 17.та позиција до 32 бод. Рома се наоѓа на последната позиција која носи Лига на шампиони односно на 5-та позиција со 59 бода, а стариот италијански шампион Наполи се 8.место со 50 бода.