Манчестер Сити обезбеди нова победа на гостински терен против екипата на Нотингем Форест со 2:0.

Арсенал пак, го совлада Тотенхем во лондонското дерби со 3:2 и останува прв во Премиер лигата со бод повеќе од Сити, но „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.

Резултатот го отвори Јошко Гвардиол во 32-та минута, по одлично изведениот корнер на Кевин Де Брујне за 1:0.  

Во продолжението, избраниците на Пеп Гвардиола ја имаа иницијативата и мирно се обидуваа да го затворат натпреварот. 

Нововлезениот Ерлинг Халанд во 71-та минута зголеми на 2:0, а Де Брујне запиша нова асистенција на натпреварот.

Натпреварот заврши 2:0.

„Граѓаните“ се на втората позиција со 79 освоени бодови, еден помалку од првопласираниот Арсенал, но Сити имаат и еден натпревар помалку.