Во 22-то коло од женската Супер лига екипата на Вардар го пречека тимот на Стружанка. Црвено-црните лесно стигнаа до победата над Стружанка и тоа убедкиуво со 39:24.

Вардарки уште на почетокот успеаја да направат предност од 7:1. Стружанка даде напор и во 12-тата минута успеа да намали на 9:5. Но, тоа беше се што сторија гостинките. Вардар постепено само ја зголемуваа предноста, па во 26-тата минута ја зголеми на +12 (19:7). На полувреме резултатот беше 21:10 за црвеноо-црните.

Во втората половина домашната екипа продолжи со одличната игра. Вардарки со серија од 5-0 во 44-та минута успеаја да поведат со максимални 30:14. До крајот домашниот состав само ја одржуваа оваа предност, а крајниот резултат беше 39:24.

Најдобар стрелец од победничката екипа беше Ивона Трпеска со седум гола, додека од Стружанка по шест погодоци дадоа Далипоска и Раткушиноска.

Ивона Кимовска