Неверојатен, втор, натпревар одиграа шампионот Денвер и ЛА Лејкерс во плејофот на Западната конференција. На задоволство на домашната публика, актуелниот првак Денвер славеше со 101:99 за водство од 2-0 во победи.

Иако Лејкерси имаа и 20 поени разлика, Нагетс се вратија во игра и стигнаа до израмнување.

Обидот на Леброн со тројка да донесе победа на „Езерџиите“ не помина. Но, затоа Џамал ​​Мареј погоди со звукот на сирената и му донесе победа на својот тим. Мареј средбата ја заврши со 20 поени, а Мајкл Портер додаде 22 поени и девет скока.

Сепак прво име во тимот повторно беше Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл. Србинот на 27-те поени, додаде неверојатни 20 скока, а имаше и десет асистенции,

Кај Лејкерси, Ентони Дејвис постигна 32 поени и 11 скока, Џејмс 26 поени, 12 асистенции и 8 скока, а Д’Анџело Расел постигна 23 поени.

Серијата подобар до четири победи се сели во Лос Анџелес каде ќе се играат следните два натпревари.