Најдобриот македонски атлетичар последните години Дарио Ивановски денеска во Ротердам го истрча својот 10-ти јубилеен маратон. Маратонската трка ја трчаше со стартен број 18, а во воведниот дел како што се гледа и на видеото беше во водечката група.

Тој маратонската трка во должина од 42,2 км ја истрча за 2:14.46 часа, што е негов трет резултат во неговата кариера на маратонските трки.

И покрај дадениот максимум, Ивановски не успеа да стигне до посакуваната цел норма за учество на Олимписките Игри во Париз. Ивановски со претходните настапи сеуште е кандидат да избори учество на Игрите во Париз.

Секако неговото најдобро време (2:08.25 часа) постигнато во Севиља постигнато во февруари годинава му донесе учество на маратонската трка на Европското првенство кое ќе се одржи во јуни во Рим.