Кошаркарите на ТФТ поведоа во четвртфиналната серија од плеј офот против Чаир 2030 со 2-1 во добиени натпревари откако денеска го совладаа ривалот во третиот натпревар со 76:65 (26:18; 16:19; 22:11; 12:17) и така ја потврдија победата од претходниот натпревар на гостински терен.

Почетокот на дуелот мина во изедначена игра и резултаска предност за едната или другата екипа. Првата посериозна предност ја имаше ТФТ со водството од 24:16, а до крајот на првиот период гостите само намалија дел од негативата. Вториот период беше и најизедначениот резултатски, кој го добија „чаирчани“ со 19:16, но предноста на полувреме беше + 5 за екипата од населбата Тафталиџе.

Клучна за конечниот исход беше третата четвртина, која домашниот тим ја доби убедливо, пред се благодарение на одличната реализација на погодените шутеви за три поени, а во 27.минута ТФТ водеше и со +20 (62:42). Во овој период гостите мака мачеа со реализацијата на нападите. Најголемата предност домашниот тим ја имаше во последниот период +21 (73:52), но до крајот Чаир го намали водството.

Најефикасен на дуелот беше играчот на Чаир Бревин Галовеј со 22 поена, додека комплетната стартна петорка на ТФТ имаше двоцифрен учинок што се покажа клучно. Исто како и реализацијата на шутевите за три поени ТФТ 10/25 или 40%, а Чаир 1/19 или 5%.

Следниот натпревар број 4 се игра во повторно во СРЦ Кале и домаќин е тимот на ТФТ, кој доколку победи ќе обезбеди полуфинале, а триумф на Чаир ќе значи и мајсторка за патникот во полуфиналето.