Последниот ден од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата носи дури 15 натпревари. Познати се сите 20 екипи кои ќе настапуваат во разигрувањето. Сепак, остануваат неколку делми околу дел на екипите кои директно ќе се пласираат во плеј-офот и оние што ќе разигруваат во плеј-инот.

Во Источната конференција.

Нема дилеми за: Бостон, Њу Јорк, Милвоки и Кливленд. Ним им се гарантирани првите четири позиции и место во плејофот.
Чикаго и Атланта неможат погоре од 9 и 10.место и ќе играат во плеј-инот.
Затоа Филаделфија, Индијана, Орландо и Мајами сеуште не знаат каде ќе почнат.

На западот.

Сигурни парници во конференциското четвртфинале се: Оклахома, Минесота, Денвер, ЛА Клиперс и Далас.
Единствената дилема е дали Њу Орлеанс или Феникс ќе им се приклучи во плеј-офот. Послабо рангираниот тим од нив ќе игра во плеј-инот во кој се: ЛА Лејкерс, Голден Стејт и Сакраменто.

Последните натпревари ќе се играат во два временски термини, од 19 и од 21.30 часот (македонско време)

Разигрувањето, односно т.н. плеј-ин започнува веќе во вторник на 16 април.