Шпанецот Маверик Вињалес победи на спринт трката што се одржа во САД. Тој беше најбрз со својата Априлија и на спринтот за ГН на САД и стигна до 12-те бодови.

Втор беше Марк Маркез од Гресини Дукати, а трет заврши Мартин од Прамак Дукати.

Во топ 10 завршија Акоста, Еспаргаро, Бастианини, Бањаја.

Со новите бодови табелата изгледа вака: Мартин 67, Бастијанини 43, Биндер 42, Бањаја 39, Марк Маркез 36, Акоста 34, а Вињалес има 31.

Утревечер нé очекува возбудлива израмнета трка, а се надеваме дека вака ќе биде и целата сезона. Стартот на трката за ГН на САД е закажан од 21 часот.