Екипата на Барселона со минимален триумф си замина од гостувањето во Кадиз. Каталонците на тешкото гостување триумфираа со 1:0.

Натпреварот беше решен во прбвиот дел. Во 37-та минута стрелец на победничкиот погодок беше Жоао Феликс со атрактивен гол со ножички.

Барселона го зазема второто место во Ла Лига пред „Ел Класико“ и реваншот во Лигата на Шампиони против ПСЖ. На 31 натпревар Барселона има освоени 70 бодови и заостанува осум зад лидерот Реал. Екипата на Кадиз се наоѓа на 18-та позиција со 25 бода.

Големото дерби меѓу Реал и Барселона ќе се игра во Мадрид следната недела (21 април). Во меѓувреме (вторник и среда) двата тима ќе треба да ги одиграат реванш четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите.