„Црвените ѓаволи“ одиграа нерешено 2:2 на гостински терен против екипата на Борнмут и се се подалеку од Европските натпреварувања следната сезона.

Најдобриот стрелец на Борнмут, Доминик Соланке, му донесе предност на својот тим од 1:0 во 16-тата минута постигнувајќи го својот 17-ти погодок оваа сезона.

Бруно Фернандеш имаше одговор за домаќинот во 31-та минута. Тој одлично се снајде во гужвата пред голот на Нето и погоди за изедначување на 1:1.

Сепак Борнмут дојде и до втор погодок во првиот дел и повторно водство во 36-тата минута кога Џастин Клајверт биеше за 2:1.

Во второто полувреме, избраниците на Ерик Тен Хаг ја имаа иницијативата, но не креираа прилики за погодок.

Играта со рака на Адам Смит во шестнаесетникот на Борнмут му донесе пенал на Манчестер Јунајтед. Бруно одлично го изведе ударот од белата точка и со својот втор погодок на натпреварот му донесе второ изедначување на натпреварот на својот тим.

Крајниот резултат остана 2:2 и покрај тоа што со судиското надополнување судијата досуди пенал за Борнмут, но по асистенција од Вар собата пеналот беше поништен.

Јунајтед е сега на седмото место со исто бодови како шестопласнираниот Њукасл, 50, додека Борнмут е дванаесетти со 42 освоени бодови