Нова голема победа за ракометарите на Алкалоид, кои на теренот на Тиквеш во Кавадарци забележаа триумф со 28:23 и со тоа го по четврти пат сезонава слават победа над екипата од Кавадарци.

Вицепрвакот Алкалоид подобро го почна натпреварот и поведе со 4:0, што беше дополнителен проблем за домашниот тим бидејќи требаше да се брка негативата. Но, брзо кавадарчани стигнаа до изедначување од 6:6. Алкалоид пак направи серија за водство од 10:7 и потоа 12:9, сепак избраниците на Раде Стојановиќ до крајот на првиот дел изедначија уште двапати (12:12 и 13:13) за водство на полувреме од 14:13.

Вториот дел пак во знакот на играчите на Кирил Лазаров, по неколку изедначувања, а последното беше 17:17. Потоа со мудра игра гостинските ракометари го презедоа водството и ги казнуваа грешките и не реализираните напади на Тиквеш за водство од 25:21 во последните десет минути. До крајот на натпреварот Алкалоид само ја зголеми предноста и ја потврди победата. Најефикасни беа Мартин Манасков со 8 голови, а Марко Митев кај Алкалоид постигна 7.

Во Битола првакот Еурофарм Пелистер го совлада Бутел со 30:22, а најефикасни на дуелот беа капитенот на домашните Филип Кузмановски и Филип Николов од Бутел со по 5 голови.

„Езерското дерби“ имаше две различни полувремиња. Првото го добија домашните со 14:11, но во второто фаворитот Охрид беше на висината на задачата и дуелот го заврши со 24:21. Бошњак кај домашните со 9 голови и Јукиќ кај Охрид со 6 беа најефикасни.

Вчера Вардар го победи Пролет на гости со 22:21.

Во единствениот денешен натпревар од 9.коло од плејаут супер лигата Вардар Неготино го победи Мулти Есенс со 32:26, а најефикасен беше Петар Бугариновиќ со 12 гола, а Димитар Узунчев кај Мулти Есенс постигна 7.

Утре се играат два дуела од плејаут лигата: МРК Куманово – Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп – Голден Арт.

ТАБЕЛА ПЛЕЈОФ: Еурофарм Пелистер 26 бодови, Вардар 24, Охрид 23, Алкалоид 21, Тиквеш 16, Пролет 6, Бутел 4, Струга 0.

ТАБЕЛА – ПЛЕЈАУТ: Еурофарм Пелистер 2 21 бод, Прилеп 21, МРК Куманово 20, Вардар Неготино 18, Мулти Есенс 14, Голден Арт 10, Скопје 2020 3, Аеродром -6.