Реал Мадрид се намачи до победа кај Маљорка. Со минималец од 1:0 „кралевите” тешко стигнаа до 3.те бода.

Во првиот дел немаше големи возбуди. Немаше многу удари кон голот и опасна игра и затоа заврши првиот дел со 0:0.

Во вториот дел Реал почна да напаѓа посериозно. Во 48.та минута Орелиен Чуамени го постигна единствениот гол на натпреварот. Реал продолжи да напаѓа, Мајорка успеваше да се одбрани. Во 94.та минута кикс на Лунин ќе му скратеше два бода на Реал, ама среќата застана на страна на Украинецот.

Реал го задржува првото место во Ла Лига со 78 бода на 31 одиграно коло. Мајорка се 15-ти во Ла Лига со освоен 31 бод. Реал го следува пеколна недела каде прво му гостува на Сити во реваншот од четвртфиналето на Лигата на Шампионите, а потоа 4 дена подоцна ќе биде домаќин на Барселона на „Бернабеу“.