Тенисерките на Македонија настапот оваа година во Били Џин Кинг купот го завршија на 4.то место во рамките на Втората Евроафриканска зона со три победи (Естонија, Грузија и Израел) и еден пораз (од Хрватска). Ова за нашата репрезентација за оваа генерација по ланскиот пласман во Втората зона значи изборен опстанок, но она што е исклучително важно е дека македонскиот тим забележа три победи против европски репрезетации, кои неколку години се дел од овој ранг, а единствениот пораз е од Хрватска селекција која веќе избори враќање во Првата Евроафриканска зона и го освои првото место откако во финалето има добиен меч со домаќинот Литванија со 2-0.

Македонија денешниот меч со Израел го почна со победата на Магдалена Стоилковска против Мика Бучник со 2-0 во сетови (62 64). Во вториот меч следуваше убедливиот триумф на Лина Ѓорческа против Катрин Алтори со 2-0 и максимални (60 60). По водството од 2:0 и обезбедената победа во двојки за Македонија настапија Теона Андова и Ана Митевска, кои мечот во двојки го загубија од Карин Алтори и Алиан Зак со 2-0 (60 62).

РЕЗУЛТАТИ НА МАКЕДОНИЈА НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО ВО ВИЛНУС:

МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА 2:1

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 0-3

МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА 2-1

МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 2-1