Екипата на Њукасл забележа убедлива победа над Тотенхем во дербито од 33.коло на Премиер лигата. Пред своите симпатизери Њукасл го совлада Тотенхем со 4-0.

За само две минути домаќините постигнаа два гола. Швеѓанецот. Исак во 30-тата со својот прв погодок им донесе предност од 1-0, а во 32-та Гордон зголеми на 2-0.

Во вториот дел уште два гола во мрежата на Тотенхем. Исак во 51-та минута го постигна својот втор, а трет погодок за Њукасл. Конечните 4-0 ги постави Швајцарецот Фабијан Шар во 87-та минута.

Њукасл кој сега има 50 бодови се искачи на шестото место на табелата со бод повеќе од Манчестер сити, а два од Вест Хем.

Екипата на Тотенхем остана на петтото место со 60 бодови како у четврто пласираната Астон Вила.