Екипата на Атлетико Мадрид не и дозволи на Џирона да направи ново подвиг. Во дербито на шпанската Ла Лига, Атлетико славеше над Џирона со 3-1 и тоа со пресврт.

Најпријатното изненадување сезонава во Шпанија, составот на Џирона долично го почна натпреварот во Мадрид. Гостите поведоа уште во 4.митнута со голот на Украинецот, Довбјук.

Сепак, тоа како да го разлути Диего Симеоне, па во продолжението неговиот тим играше многу офанзивно. Таквата игра донесе резултат во 34.минута кога беше досуден пенал за домаќините. Сигуренб реализаторот беше Французинот, Антоан Гризман.

Пресвртот дојде во шестата минута од судиското дополнение (45+6), кога Кореа погоди за водство на Атлетико од 2-1.

Во вториот дел, Гризман уште еднаш се запиша во листата на стрелците, во 50-тата минута и зголеми на 3-1. Тоа се покажа како конечен резултат на овој меч.

И покрај поразот Џирона останува трета на табелата, зад Реал и Барселона. Но, сега тимот на Атлетико кој е на четвртото место има пет бодови помалку од денешниот противник.