Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа три натпревари од 27-то коло. На сите три натпревари победи славеа домашните екпи.

Екипата на Шкупи која е во трка за шампионскиот трофеј славеше пред своите симпатизери. На дуелот во Чаир, екипата Шкупи ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 3-1. Домаќините поведоа со голот на Бразилецот, Дуду уште во четвртата минута од натпреварот. Во вториот дел беа постигнати уште три гола. Двата за домаќините ги постигнаа Трапановски (51) и Дарко Илиевски (83). Почесниот гол за ѓорчепетровци го постигна Бојан Илиевски (60).

И на натпреварот во Гостивар каде гостуваше Тиквеш, домаќините поведоа во четвртата минута. Стрелец на голот за гостиварци беше Турчинот, Алпер Потук. Во вториот дел односно 70-тата минута гостите преку Вареловски израмнија на 1-1. Сепак, само осум минути подоцна, Нигериецот, Кехинде повторно му донесе предност на Гостивар (2-1).

Во Струмица, јунак за домашната екипа на Брера е младинскиот репрезентативец Мартин Ѓорѓиевски. Со неговиот гол во втората минута од судиското дополнение Брера ја победи Воска спорт со 1-0

Останатите три натпревари на програмата се утре во терминот од 15 часот.

ПРВА ЛИГА 27.КОЛО
сабота

АП БРЕРА СТРУМИЦА – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
недела (15 часот)
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР МРТ3
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
СТРУГА – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by Sofascore