Во одбојкарското првенство на Македонија, викендов на програмата се реванш полуфиналните натпревари од плејофот.

Двете екипи на Струмица, машката и женската уште денеска може да бидат промовирани во финалисти. Тие ја имаат улогата на апсолутен фаворит во мечевите со своите противници кои во првите дуели ги победија со 3-0.

Актуелниот шампион во машка конкуренција гостува кај Универзитет во Тетово и се освен триумф на струмичани би било вистинска сензација. И во женското полуфинале важи истото. Одбојкарките на Струмица за противник го имаат локалниот ривал Наковски волеј.

Овие натпревари на програмата се денеска, а останатите два ќе се играат утре.

Во нив шампионките на Работнички влегуваат со предност од 1-0 во мечевите со Јанта волеј, како и Работнички кој го доби првиот дуел со Штип УГД.

ПРВА ПЛЕЈ-ОФ ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ ПОЛУФИНАЛЕ
Сабота
16.00 УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО – СТРУМИЦА (0-1 во победи)
Недела
18.00 ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ (0-1)

ПРВА ПЛЕЈ-ОФ ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ ПОЛУФИНАЛЕ
Сабота

19.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – СТРУМИЦА (0-1 во победи)
Недела
20.00 РАБОТНИЧКИ – ЈАНТА ВОЛЕЈ (1-0 во победи)

* Во два добиени натпревари