Попладнево во Кратово ќе се игра првиот натпревар од 26.коло во ПМФЛ, во него Силекс ќе го пречека Гостивар.

Тоа е дуел на две екипи кои се во горниот дел од табелата, а ги делат само четири бода. Силекс кој е четврти игра добро и на последните четири натпревари има три победи. Но, во минатото коло таа серија беше прекината, откако кратовци во последните мигови во Кавадарци се спасија од пораз од Тиквеш.

Гостите од Гостивар пак, не знаат за триумф на четири натпревари во низа, а на последниот загубија убедливо од Македонија ЃП.

Како ќе биде денеска ќе дознаеме по натпреварот што ќе почне од 15 часот, термин во кој утре ќе се играат останатите дуели.

ПРВА ЛИГА 26.КОЛО
сабота (15 часот)

СИЛЕКС – ГОСТИВАР МРТ3
недела
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л.
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – ШКЕНДИЈА МРТ3
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
ТИКВЕШ – БРЕРА СТРУМИЦА

Standings provided by Sofascore