Одбојкарските екипи на Струмица жени и машкиот тим на Струмица 47&72 се првите финалисти во одбојкарскиот шампионат на Македонија. Двата тима ги добија и вторите полуфинални мечеви со ривалите и си го обезбедија местото во дуелите за шампионскиот трофеј, во двете конкуренции.

Дамите на Струмица по втор пат со максимални 3-0 во сетови го добија градскиот ривал Наковски волеј. Така екипата на Струмица која веќе го освои трофејот во Купот, се избори за своето прво финале во шампионатот.

Мажите пак кои се актуелни шампиони славеа против екипата на Универзитет во Тетово исто така со 3-0 во сетови, а серијата ја завршија со 2:0 во мечеви.

Струмичките екипи веќе утре би можеле да ги дознаа своите противници во битката за шампионскиот трофеј. Тоа доколку двата тима кои го носат името Работнички, славата победи.

Дамите на Работнички кои ја браната титулата, пред својата публика играат со Јанта волеј кој го совладаа во првиот меч. Предност од 1:0 во серијата до две победи има и машкиот тим на Работнички. Но, тие гостуваат во Штик пак победникот во националниот Куп, тимот на Штип УГД.