Избраниците на Микел Артета одиграа рутински натпревар на гостински терен против екипата на Брајтон, славејќи со убедливи 3:0. 

Букајо Сака му донесе предност на Арсенал од 1:0 во 33-тата минута по одлично изведениот удар од белата точка. 

Брајтон се обидуваше да возврати, но „топчиите“ тактички ги надиграа. Каи Хаверц во 62-та минута зголеми на 2:0 за гостите и натпреварот веќе беше во рацете на Арсенал.

Нововлезениот Леандро Тросар ги постави конечните 3:0 со погодок во 90-тата минута на асистенција на Хаверц.

Со оваа победа Арсенал избива на врвот со 71 освоен бод, 1 повеќе од Ливерпул и Манчестер Сити, но „црвените“ имаат натпревар помалку.