Хрватското дерби меѓу Хајдук и Динамо Загреб секогаш е од висок ризик. Тоа се потврди и на синоќешниот куп натпревар во кој гостите славеа со 0-1.

Немилите сцени започнаа на стадионот „Пољуд“ кога домашните навивачи се обидоа да се пресметаат со гостинските.

Хаосот од теренот се пренесе и низ сплитските улици, каде на повеќе места имало дудир на двете навивачки групи.

Сплитската полиција имала полни раце работа, а првичните информации се дека има повеќемина повредени и приведени.