По репрезентативните настапи и куп натпреварите ракометните екипи во супер лигите се враќаат на обврските во првенствата. Овој викенд на програмата се дуелите од 6.коло.

Во Супер лигата плејоф шампионот Еурофарм Пелистер е апсолутен фаворит во дуелот со последнопласираната Струга. Почетокот на дуелот што се игра во Битола е во 18 часот.

Во истиот термин во Скопје Пролет го пречекува тимот на Тиквеш, екипа која има големи амбиции оваа сезона.

Другите два дуела од оваа рунда или дерби пресметките се играат во недела. Бутел е домаќин на Алкалоид (почеток 18 часот), додека кај второпласираниот Охрид гостува поранешниот првак Вардар. Почетокот на дуелот е во 18:30 часот.

Дербито на колото во плејаут лигата се игра во Прилеп, каде истоимената домашна екипа го пречекува Вардар Неготино, двата тима со најдобар учинок во овој дел од натпреварувањето. Прилепчани имаат освоено 13 од можните 15 бодови, а неготинчани 12 од 15. Во Скопје кај Голден Арт ќе гостува „вториот тим“ на Еурофарм Пелистер, додека екипата на МРК Куманово е слободна.

Во првиот дуел од оваа рунда синоќа Мулти Есенс – Скопје  32:20.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ)  6.КОЛО
Сабота
18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА
18.30 ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ
недела
18.00 БУТЕЛ – АЛКАЛОИД
18.30 ОХРИД – ВАРДАР

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 17 бодови, Охрид 14, Вардар 12, Алкалоид 12, Тиквеш 10, Бутел 4, Пролет 3 и Струга 0.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-АУТ (МАЖИ) 6.КОЛО
сабота
16.00 ГОЛДЕН АРТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
18.30 ПРИЛЕП – ВАРДАР НЕГОТИНО
одиграно вчера
20.00 МУЛТИ ЕСЕНС – СКОПЈЕ 32-20
слободен МРК КУМАНОВО

ТАБЕЛА: Прилеп 15 бодови, Мулти Есенс 13, Е. Пелистер 2 12, Вардар Неготино 12, Куманово 11, Голден Арт 6, Скопје 3,