Фудбалерите на Аталанта забележаа победа на гостувањето кај Наполи во натпревар од 30.коло на Серија А.

На дуелот одигран во Неапол, актуелниот шампион беше надигран и посрамотен, а на крајот може и да е среќен што загуби со 0-3.

Маринчук и Скамака во првото полувреме (26-та и 45.мионута) му донесоа голема предност на гостинскиот тим во првиот дел. Во второто0 полувреме, иако домаќините се обидуваа да намалат сето тоа беше без ефект. Точка на натпреварот стави Копмајнерс во 88.минута поставувајќи ги конечните 3-0 за Аталанта.

Со овој триумф Аталанта сега му „избега“ на Наполи на пет бодови разлика во трката за шестото, последно место, што води на европската сцена.

Згора на тоа тимот од Бергамо, има одиграно и еден натпревар помалку од актуелниот првак.