Репрезентацијата на Црно Гора предводена од новиот селектор Роберт Просинечки е денешпниот противник на Мaкеоднија во контролниот натпревар во Анталија.

Легендарниот хрватски стратег,  дебитираше со победа пред четири дена, кога ја совладаа Белорусија со 2-0.

Просинечки смета дека Македонија против Молдавија одиграла под очекувањата, но дека денеска против Црна Гора ќе сака тоа да го поправи.

„Го гледавме натпреварот со Молдавија. Не изгледаа добро.

Сигурно против нас ќе бидат помотивирани и ќе сакаат да победат за да го подобрат впечатокот.

Имаат одличен индивидуален квалитет, нивните играчи ја прават разликата во добрите клубови.

Нема да биде воопшто лесен натпревар.

Но, ние сме оптимисти, сигурно ќе биде интересно“, изјави Просинечки.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Црна Гора ќе почне во терминот од  18 часот.