Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, попладнево ќе одигра пријателски натпревар против Црна Гора.

По нерешениот резултат против Молдавија пред три дена (1-1) македонските фудбалери сега ќе имаат далеку поквалитетен противник.

Црногорците лесно со 2-0 славеа победа над Естонците, а предводени од новиот селектор Просинечки, демострираа офанзивен фудбал.

Избраниците на Благоја Милевски, ќе мора да одиграат многу подобро доколку сакаат да извлечат поволен резултат, едногласни се сите.

Овие натпревари, како и јунските со Полска и Хрватска, се дел од подготовките за новото издание во Лигата на Нациите што почнува во септември.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Црна гора што се игра во Анталија, ќе почне од 18 часот.