По настапите во АБА2 лигата, кошаркарите на скопски ТФТ се враќаат на обврската во домашниот шампионат.

Попладнево тимот од скопската населба Тафталиџе ќе го игра натпреварот од 21.коло во Првата лига. ТФТ ќе гостува во салата „Билјанини Извори“ во Охрид истоимената домашна екипа.

Домаќините повеќе од јасно е дека се во групата на четири тима што ќе се борат за опстанок, а ТФТ во оние што ќе разигруваат за титулата (плејофот). Охриѓани во овој натпревар влегуваат со две победи на последните три натпревари, а ТФТ со три врзани порази.

Гостите од Скопје, се во ситуација да бркаат бодови, со кои би завршиле во погорниот дел од табелата. Во моментот ТФТ е шесто пласиран, со една победа помалку од Еуро Никел и Пелистер.

Почетокот на натпреварот меѓу Охрид и ТФТ е закажан во 17 часот

Натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ)  – 21.КОЛО  
понеделник
17.00  ОХРИД – ТФТ
среда
19.00  ПЕЛИСТЕР –  АКАДЕМИЈА ФМП
19.00  МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ВАРДАР
Одиграно во саботата
ГОСТИВАР – КОЖУВ  104-73
ФЕНИКС – РАБОТНИЧКИ  69-94
ЕУРО НИКЕЛ  – ЧАИР  93-94 (82-82)

ТАБЕЛА: Работнички 39, МЗТ Скопје Аеродром 36, Чаир 35, Пелистер 34, Еуро Никел 33, ТФТ 33, Феникс 32, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 25, Академија ФМП 24, Вардар 24.