Во салата „Јордан Мијалков“ во Штип денеска ќе се одиграат финалните натпревари во одбојкарскиот Куп на Македонија.

Први на теренот ќе излезат дамите точно напладне. Во мечот за првиот трофеј сезонава же се борат одбојкарките на Струмица и скопски Јанта волеј.

Струмичанки кои сезонава играат фантастично и имаа само еден пораз, за прв пат се во големото финале. Тие ќе ја имаа благата улога на фаворит во дуелот со скопската екипа која сезонава ја добија на сите меѓусебни средби.

Од другата е составот на Јанта волеј кој во првенството заврши како второ рангиран на табелата. Скопскиот тим ќе го игра своето шесто финале во Купот, а ќе атакува на вториот трофеј.

Финалниот дуел меѓу одбојкарките на Струмица и Јанта волеј ќе почне од 12 часот.

Во машкото финале, домаќините на овој турнир одбојкарите на Штип УГД ќе го предизвикаат не поразениот состав на Струмица.

Актуелниот бранител на трофејот од последните две сезони Струмица е апсолутен фаворити. Струмичани ќе атакуваат на двоен јубилеј, бркајќи го десеттиот трофеј во Купот на Македонија, а вкупно 20-ти во нивната клупска историја.

Финалниот меч кај мажите меѓу Струмица и Штип УГД е закажан за 15 часот.