Европската „класика“ меѓу Франција и Германија го одбележа денот кога во прашање се контролните, пријателски фудбалски натпревари.

На дуелот одигран во Лион, Килијан Мбапе кој како капитен ја водеше Франција, беа надиграни од Германците со 2-0.

Уште во првата минута лошо почна натпреварот за Триколорите. Флоријан Виртц по само 9.секунди игра, на ефектен начин го совлада Брис Самба, за водство на Германија од 1-0.

Обидот на Турам во 18-тата минута мина над пречката од голот на Терштеген. Во 35.минута двојна можност имаа Французите. По обидот на Дембеле и одбраната на Терштеген, Рабиот од идеална позиција биеше над голот.

Налик на првиот мина и вториот дел. Но, сега на Германците им беа потребни четири минути повторно да постигнат гол. Во 49-тата минута по акцијата на Јамал Мусиала, на Каи Хаверц не му беше тешко да зголеми на 2-0.

Домаќините во продолжението на дуелот, постојано притискаа и се обидуваа да стигнат до гол, но сето тоа мина без ефект.