Кошаркарите на Работнички немаат намера да запрат во обидот да заврши како првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната и почетокот на плејофот.

Работнички убедливо го надигра Феникс, на гостински терен и славеше со 98-69.

Уште од стартот на натпреварот црвените ставија на знаење дека Феникс нема долго да „летаат“. Ги добија двата периоди и на одмор заминаа со двоцифрена предност 48:38. Во третата четвртина избраниците на Самарџиев го „дотолчија“ противникот, па во последната четвртина влегоа со 28 разлика. Тоа беше повеќе од доволно Работнички да ја впише 17-тата победа и сега само да биде на врвот на табелата.

Андреј Шошкиќ со 19 поени беше најефикасниот во победничката екипа, за која Ѓелетовиќ постигна 16 Рикиќ и Трајс по 13 поени.