Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе четвртиот порз во АБА2 лигата.

Во дуелот од претпоследното 12-то коло, МЗТ „прокоцка„ 13 поени предност против српскиот тим Златибор од кого загуби по продолжението со 85-90 (72-72).

Аеродромци добро го отворија натпреварот и во раната фаза направија осум поени предност (12-4). Сепак до крајот на четвртината постигнаа само осум, а примија 14 поени. Затоа првата пауза ја дочекаа со минимална предност (20-18). Во втората, иако за миг противникот поведе (20-22), сепак сино-белите брзо ја вратија посакуваната предност. Имаа најголеми 9 поени разлика ка крајот на полувремето (42-33).

Во третата четвртина македонскиот првак имаше и најголеми 13 поени предност, а го заврши периодот со +9 (63-54). Но, во последниот му дозволија на противникот комплетно да се врати во игра. Немаа решение за расположениот Џукановиќ, па во 34.минута Златибор израмни(66-66). Српскиот тим имаше и предност, но благодарение на тројката на Дамјан Стојановски, МЗТ израмни и се избори за дополнителни пет минути игра.

Џукановиќ продолжи каде што застана (32 поени), а го надополни и Смиљаниќ, па Златибор заслужено славеше со 90-85.

Со овој пораз , МЗТ пропушти панса да се пробие на второто месѕто на табелата, и да има поповолна ситуација во разигрувањето, односно четвртфиналето од плејофот.

Во последниот меч од групната фаза, МЗТ Скопје ќе игра против домаќинот Широки Бријег, во недела 18 часот, против кој сега треба да ја бранат и четвртата позиција на табелата.