нешто повеќе од дваесетина дена пред стартот на новиот квалификациски циклус, женската фудбалска репрезентација на Македонија доби нов предводник.

Фудбалската федерација на Македонија го назначи Александар Андов за нов селектор на македонската женска А репрезентација. Александар Андов досега ја извршуваше функцијата асистент во стручниот штаб на досегашниот селектор, Кирил Изов.

Пишува во кратката информација на ФФМ.

„Фудбалската федерација на Македонија упатува благодарност до Кирил Изов за неговиот професионализам и посветеност во текот на извршувањето на селекторската функција. Во оваа прилика му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера„.

Македонските фудбалерки на почетокот на следниот месец ќе ги одигра првите два натпревари во квалификациите за Европското првенство 2025-та во Швајцарија.

Македонија е во „Ц2“ групата во која за противнички ќе ги имаат Словенија, Летонија, и Молдавија.

Првите два натпревари во квалификациите ќе се играат на 5 и 9 април, против Летонија на гости и Словенија на домашен терен.