Сениорската репрезентација на Македонија, ја искористи ЕХФ неделата да одигра два контролните натпревари со Романија.  Без неколкумина стандардни репрезентативци црвено-жолтите беа поразени и на двата дуели.

Селекторот, Кирил Лазаров со свое видување за одиграните натпревари во Браила.

„Ја искористивме максимално ЕХФ неделата да одиграме два пријателски натпревари со Романија на гостински терен која исто така се подготвува за бараж натпреварот против Чешка во мај.

Во недостаток на повеќе од половина стандарден тим, од оправдани причини, шанса дадовме на нови играчи кои се дебитанти или имаат лимитирана улога во националниот тим во нормална ситуација.

Вакви натпревари се од голема важност да се види на кого може да се рачуна во ваков тип на тешки натпревари поготово на гостински терен.

Се надевам дека за баражот во мај ќе се комплетираме и ќе се подготвиме да одиграме квалитетен бараж натпревар бидејќи не очекува сериозен противник за пласман на Светското првенство.

Задоволен сум од желбата ангажманот и односот на овие два натпревари од целиот тим“.

Ова беа последните контроли за Лазаров и неговите избраници пред баражот за Мундијалот.

Во мај месец, црвено-жолтите ќе ги играат натпреварите против Фарски Острови, на гостински, па на домашен терен. Победникот од двомечот ќе обезбеди настап на Светското првенство следната година.