Македонскиот шампион Ѓорче Петров денес ќе го одигра реванш натпреварот со екипата на Елче од Европскиот Куп.

На првиот четвртфинален меч шпанскиот тим го потврди фаворитскиот статус и го совлада Ѓорче со 15 голови (36:21).

Екипата на Ѓорче Петров на овој натпревар ќе мора да се покаже во подобро светло од претходниот меѓусебен натпревар.

Иако е јасно дека за македонскиот прва ова ќе боде последен меч на европската сцена сезонава, сепак „Лавиците“ може да бидат задоволни од прикажаното во Европскиот куп.

Тимот на Ѓорче Петров оваа година успеа да постигне поголем успех од ланскиот, со пласманот во ТОП 8-те екипи во ова натпреварување.

Реванш натпреварот Ѓорче Петров и Елче ќе го играат во спортската сала Автокоманда со почеток од 19 часот.

Влезот за сите љубители на ракометот е слободен.

Ивона Кимовска