Сениорската ракометна репрезентација на Македонија попладнево во градот Браила, го одиграа вториот дуел против Романија.

Откако на вчерашниот, од затворен карактер, Романците славеа со 32:27, денеска домаќините беа подобри со 28-24.

Од самиот почеток домаќините ја презедоа контролата на резултатот и поведоа со 3-0. Долг период ја одржуваа Романците таа разлика, а во 24-тата имаа и најголеми шест гола предност (13-7). Видливо беше дека тешко им оди на македонските ракометари кои на пауза заминаа со пет негатива (15-10 за Романците).

До половината на второто полувреме домаќините ја одржуваа разликата, по што повторно заминаа на +6 (24-18). Јасно беше дека црвено-жолтите немаат шанси за по поволен исход, па Романците заслужено славеа со конечни 28-24 .

Мартин Серафимов постигна 5, а Марко Митев и Жарко Пешевски по 4 гола за нашата репрезентација.

Ова беа последните контроли за избраниците на Кирл Лазаров кои во мај месец ќе ги играат бараж дуелите со Фарски острови преку кои ќе се брка настап на Светското првенство следната година.