Реал Мадрид триумфираше на гостувањето кај Осасуна со 4:2, а Федерико Валверде забележа три асистенции. Екипата на Реал Мадрид триумфира на 23 натпревар во низа оваа сезона.

Голеадата започна уште во првото полувреме. Винициус во 4.та минута го постигна првиот гол. Анте Будимир во 7.та минута изедначи на 1:1. На 2:1 зголеми Дани Карвахал во 18.та минута, кој постигна прекрасен гол по првата асистенција на Валверде. Резултатот остана непроменет до полувреме.

Во вториот дел во 61.та минута Брахим кој постигна гол за 3:1 по втората асистенција на Феде Валверде. „Хет-трикот” на асистенции го комплетираше Валверде во 64.та минута кога му го асистираше вториот гол што го постигна Винициус за 4:1. Икер Муњоз ги постави конечните 4:2 постигнувајќи го вториот гол за Осасуна.

Реал Мадрид го држи првото место во Ла Лига со 72 бода на 29 одиграни кола. Осасуна е на 10.то место со 36 бода на 29 одиграни натпревари.