Борусија Дортмунд славеше победа на гостувањето во Бремен. Со резултат од 2:1 „милионерите” и со играч помалку излегоа како победници во дуелот со Вердер.

Во првото полувреме Борусија Дортмунд постигна два гола. Прво стрелаше Мален во 21.та минута за 1:0. Потоа Џејдон Санчо зголеми на 2:0 во 38.та минута. Сабитцер заработи црвен картон пред судискиот свиреж за полувреме.

Во вториот дел „десеткуваната” Борусија проба да го задржи резултатот. Бремен напаѓаше повеќе и успеа да го намали резултатот на 2:1 со голот на Нинџмах во 70.та минута.

По 25 кола Борусија Дортмунд е на 4-та позиција со 47 бода. Вердер по 25 одиграни кола е на 9.та позиција со 30 бода.