Актуелниот светски шампион Макс Верстапен ќе ја има најдобрата стартна позиција на втората трка во Формула 1 шампионатот.

Возачот на Ред Бул имаше најбрз круг воквалификациите, па утре ќе почне од пол-позицијата во трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда.

Во истиот стартен ред со Холанѓанецот ќе биде и Шарл Леклер од Ферари, кој заостаа 0,319 секунди.

Вториот стартен ред ќе го пополнат Серхио Перез од Реда Вул и Фернандо Алонсо од Астон Мартин.